Zeynep Hilal Karyağdı
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници ранија шестмина Палестинци во појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, Ашраф ал-Kудра, рече дека меѓу повредените има и две деца и еден здравствен работник.
Тој потврди дека едно лице се наоѓа во тешка здравствена состојба. Бројот на мртви за време на демонстрациите што се одржуваат секој петок веќе петта недела по ред е зголемен на 50.
Илјадници Палестинци на границата на Појасот Газа денеска петти петок по ред мирно протестираа и го одбележаа Денот на планетата Земја за да се потсетат на 30 март 1976 година, кога Израел заплени од нив илјадници хектари земјиште.
За време на протестите досега загинаа 50 Палестинци, а повеќе од 7.000 беа повредени. Се планира протестите да продолжат до средината на мај.
Денот на планетата Земја во Палестина се прославува од 1976 година, и тоа е на некој начин симбол на отпорот на Палестинците, со кој ја изразуваат својата цел да си го вратат земјиштето, а воедно и да укажат на одговорноста на меѓународната заедница да ги заштити правата на палестинскиот народ, формирањето независна палестинска држава и враќањето на палестинските бегалци во татковината.