Ekip
23 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ГАЗА (AA) - Израелската Војска во Појасот Газа уби еден, а рани тројца Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните извори наведуваат дека израелските војници отвориле оган врз Палестинците во близина на граничната ограда на подрачјето на Абасан.
Еден Палестинец загина, а друг е ранет. Израелските сили подоцна пукаа и на другите Палестинци, кои сакаа да го земат телото на убиениот Палестинец и да му помогнат на ранетиот. Во тој инцидент се ранети уште двајца Палестинци.
Во соопштението на израелската Војска се наведува дека пукале во двајца Палестинци, кои наводно подметнале експлозивна направа покрај безбедносната ограда на Газа.
Министерството за здравство соопшти дека двајца Палестинци се здобија со повреди во пределот на нозете.