Mahmoud Mohamed Barakat
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
ГАЗА
Египет денес го отвори граничниот премин „Рафа“ за движење на патниците во двете насоки, соопшти Министерството за внатрешни работи на Газа со кое управува Хамас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Граничниот премин „Рафа“ е единствен излез од блокираната палестинска енклава Газа.
Во соопштението се наведува дека граничниот премин ќе биде отворен за премини во двете насоки и дека ќе биде отворен првенствено за враќање на оние што се заробени во Египет и за излез на палестинските патници.
Тие наведоа дека патничките автобуси започнале да го напуштаат граничниот премин за кој не е сигурно колку ќе биде отворен.
Граничниот премин „Рафа“ во рамките на мерките против ширењето на Ковид-19 е затворен во март минатата година, од кога во неколку наврати беше отворан за премини во една насока, односно за враќање на Палестинците.
Газа е палестинска енклава што е под повеќегодишна израелска блокада. Тој регион има вкупно седум гранични премини, од кои шест се под контрола на израелските власти, а само преминот во Рафа е под контрола на египетската Влада.
Израелските власти во потполност затворија четири премини, а преостанатите два работат во исклучителни околности и со строги ограничувања за движењето на луѓе и стока.