Ali H. M.Abo Rezeg
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
ГАЗА (АА) - Здружението на палестински уметници во Појасот Газа ја повикува Европската Унија да не го одржува овогодишниот Евровизиски натпревар во главниот град на Израел, Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението денес ја објави жалбата на прес-конференција, на која присуствуваа десетици палестински уметници, пред Канцеларијата на ЕУ во Газа.
„Пеењето и музиката се јазикот на човештвото: Тоа е најдобриот начин да се изрази љубов, мир и соживот“, изјави за новинарите палестинскиот актер Набил ал-Катиб.
„Но одлуката да се одржи овогодишниот Евровизиски натпревар во Израел, само служи за легитимизирање на прогонот на палестинскиот народ, разубавувајќи го израелското расистичко лице“, рече тој.
„Како Палестинци не сме шокирани со сознанието дека најголемиот меѓународен музички натпревар оваа година ќе биде одржан во Тел Авив“, изјави Ал Катиб.
Тој додаде дека со одлуката ќе се обезбеди поддршка за окупирачката сила која угнетува друг народ.
Евровизискиот натпревар, кој оваа година во Тел Авив ќе биде одржан од 14 до 18 мај, е меѓународен музички натпревар организиран од Евровизиската радиодифузна унија од 1956 година.
Ова е најголемиот светски настан во поглед на гледаноста, а кој не спаѓа во категоријата спорт, кој обично привлекува стотици милиони гледачи од целиот свет.