Dmitri Chirciu
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
МОСКВА (АА) - Седум лица го загубија својот живот како резултат на лавината што се случи на Алтајските Планини во Автономна Република Алтај во Руската Федерација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на руското Министерство за итни состојби, лавината се случила претходниот ден на Алтајските Планини, и во неа загинале седум од вкупно девет туристи од градот Новосибирск, додека двајца туристи успеале да се спасат.
Двајцата алпинисти што се спасиле од лавината денес успеаја да пристигнат во најблиското село и ги информираа властите за овој случај.
Започната е операција на местото на настанот, а досега се пронајдени телата на три лица.