Ekip
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција во западниот дел на таа земја уапси осум лица осомничени за собирање пари за терористичката органзација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата рано утринава изврши претрес на седум објекти во Оберхаузен и уапси четири мажи и четири жени.
Повикувајќи се на изјавите на полициските официјални претставници, германската новинска агенција DPA јавува дека уапсените во поголем дел биле поврзани роднински и дека се работи за лица на возраст меѓу 19 и 58 години.
Истиот извор јавува дека станува збор за лица кои имаат германско државјанство, а кои се по потекло од Босна и Херцеговина.