Hakan Çopur
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, полковник Џон Дориан, на прес-конференција направи гаф споменувајќи ја терористичката организација ПКК, иако наводно сакал да каже дека станува збор за ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
„ПКК е дел од сириските демократски сили (СДС) и дел од арапската коалиција во Сирија“, рече Дориан, по што на новинарите се обиде да им објасни дека тој мислел на ЈПГ/ПЈД, инаку сириски огранок на терористичката организација ПКК.
Тој додаде дека во северниот дел на Сирија, во моментов се наоѓаат околу 50.000 припадници на СДС, истакнувајќи дека половина од нив се милитантите на ПЈД.
Инаку, САД ја демантира поврзаноста на ПЈД со терористичката организација ПКК.
Дориан истакна оти верува дека на подрачјето на Рака се наоѓаат околу 3.000-4.000 милитанти на ДЕАШ.
Тој, исто така напомена дека пред меѓународната коалиција претстои многу работа во однос на борбата против ДЕАШ.
ЈПГ/ПЈД е сириски органок на ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).