Sayed Khodaberdi Sadat
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Во нападот врз Министерството за внатрешни работи на Авганистан утринава во Кабул, загина еден, а повредени се петмина полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, изјави дека тројца од десетте напаѓачи активирале експлозивни направи на влезот во зградата, по што следувал судир меѓу припадници на безбедносните сили и седум напаѓачи.
Според него, напаѓачите се неутрализирани по краткиот судир.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Зградата на Министерството за внатрешни работи беше отворена минатата година.