Meiramgul Kussainova
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека бројот на руски војници кои ги загубиле животите во војната, која започна на 24 февруари, се приближува до 32.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави украинскиот Генералштаб се наведува дека се ажурирани податоците за загубите на Руската армија во војната за периодот од 24 февруари до 10 јуни.
Врз основа на објавените податоци, на територијата на Украина животот го загубиле 31.900 руски војници. Покрај тоа, уништени се 212 авиони, 178 хеликоптери, 1.409 тенка, 3.450 оклопни возила, 712 топа, 125 проектили, 222 системи за лансирање ракети и 97 системи за противвоздушна одбрана.
Уништени се и 2.438 возила, 13 брода и лесни глисери и 572 беспилотни летала на руските сили.
На јужниот фронт од земјата, Украинските вооружени сили во последните 24 часа убиле 33 окупациски војници, уништиле ракетен систем „Град“, 8 беспилотни летала и 3 складишта за муниција на непријателските сили.