Ekipa
29 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
КАИРО (АА) - Претседателот на Египетската разузнавачка служба, Абас Камил, во рамки на неговата изненадна посета на Либија се сретна со генералот Халифа Хафтар, лидерот на воените сили од источниот дел на Либија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Египетската официјална новинска агенција (МЕНА), Абас Камил во рамките на посетата на Либија се состанал со Хафтер, а на средбата бил информиран за случувањата во Либија.
Не се дадени други информации околу оваа изненадна кратка посета која претходно не била најавена.
Хафтар, кој го нападна либискиот главен град, Триполи, со цел да ја отстрани Владата на национално единство во Либија, која е меѓународно легитимна, добива отворена поддршка од египетската администрација со образложение дека води борба против тероризмот во Либија.