Ayhan Şimşek
10 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
БЕРЛИН (АА) - Распоредот на летови од Аеродромот „Минхен“ во Германија денеска е нарушен поради штрајкот на работниците кои бараат подобри плати и услови за работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синдикатот ver.di ги повика носачите на багаж, возачите на автобуси и останатиот персонал на компанијата „Свиспорт лош“ да прекинат со работа денес од 10 до 15 часот по локално време.
„Може да дојде до доцнење и можно откажување на летови“, објави операторот на Аеродромот „Минхен“ на Твитер, советувајќи ги патниците да го проверат статусот на летот кај авиокомпаниите или туроператорите пред заминување на аеродром.
Синдикатот, кој претставува околу 600 работници на „Свиспорт лош“ на Аеродромот „Минхен“, бара зголемување на платите и подобрување на работните услови.