Associated Press
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
БЕРЛИН
Судот во Минстер, западна Германија, осуди 28-годишен информатички техничар на 14 години затвор поради сексуално вознемирување на деца во 29 случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што известуваат германските медиуми, судот донел одлука со можност затворската казна на осуденикот да може да му се продолжи и по изминувањето на 14 години.
Лицето, чиј идентитет не е објавен како што е тоа вообичаено во Германија, е главен деликвент на групата луѓе што се вклучени во сексуално злоупотребување на деца.
Сторителите со софистицирана технологија ја шифрирале својата комуникација за злоупотребата на деца, а полицијата обезбеди стотици терабајти видеоснимки при минатогодишното приведување во Минстер.
Во исто време, осудени се уште три лица. Едниот е 36-годишен маж од Хановер, кој поради сексуално злоупотребување на деца, во четири судски случаи доби затворска казна од 10 години затвор. Вториот е маж на 43-годишна возраст од Шорфхајде, кој е осуден на 11 години и 6 месеци затвор поради злоупотребување во пет случаи, а 31-годишен маж од Штауфенберг доби затворска казна во висина од 12 години поради шест случаи на вознемирување.
И нивните затворски казни можат да бидат продолжени поради тежината на кривичното дело.
Мајката на информатичкиот техничар е осудена на 5 години затвор поради соучесништво во злосторството.
Во веста се наведува дека на сите пресуди може да се поднесе жалба.