Büşra Selvi Öğütcen
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот во светот се заразени повеќе од 185 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка ситуација од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаите на заразување со коронавирусот во светот е зголемен на 185.013.361.
Досега во светот од последиците на заразување со коронавирусот починаа 4.002.677 лица, додека излекувани се 169.366.727 лица, кај кои претходно бил дијагностициран Ковид-19.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди САД, каде што се потврдени 34.598.361 случај на заразување.
Според бројот на заразените, по САД следуваат: Индија (30.619.932), Бразил (18.792.511), Франција (5.786.999), Русија (5.658.672), Турција (5.449.464), Велика Британија (4.930.534), Аргентина (4.552.750), Колумбија (4.375.861) и Италија (4.263.797).
Во светот сè уште има 11.644.238 активни случаи на заразување со коронавирусот.