Erbil Başay
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
БЕРЛИН
Во Германија од последиците на заразување со коронавирусот починаа повеќе од 92.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот „Роберт Кох“ (RKI) е наведено дека во последните 24 часа заразувањето е потврдено кај 5.747 лица. Со тоа вкупниот број на заразени е зголемен на 3.877.612. Во последните 24 часа починаа 42 лица, вкупно 92.022.
Неделната инциденца, односно бројот на новозаразени на 100.000 жители изнесува 58. На почетокот на јули изнесуваше 4,9, на 27 јули 14,5, на 10 август 23,5, а на 17 август 37,4. Вчера бројката на заразени изнесуваше 56,4.
На почетокот на месецот, односно на 3 август, бројот на новозаразените изнесуваше 1.766, на 10 август 2.480, а на 17 август 3.912.
Првата доза на вакцината против Ковид-19 беше дадена на 64,2 отсто од населението, а втората доза на 59,2 отсто.
Покрај Крит, кој е на списокот на области со висок ризик, оние што доаѓаат во Германија од островите Родос, Кос и Наксос, ако немаат сертификат за вакцинација или имаат Ковид-19 ќе треба да поминат десет дена во изолација.
Меѓутоа, доколку тестот извршен пет дена по влегувањето во Германија е негативен, тие ќе можат да излезат од изолација.