Ayhan Şimşek
19 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Тројца бегалци и петмесечно бебе беа цел на пукотница во централна Германија, за која се верува дека била расномотивирана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Четворица осомничени испукаа неколку куршуми од балконот на една зграда во градот Шенинген, додека група бегалци поминувала на улицата во близина, јавува „Дер шпигел“ (Der Spiegel).
Полицијата сооошти дека бегалците, со потекло од Брегот на Слоновата Коска, успеале да побегнат неповредени со помош на двајца минувачи.
Според првичните информации, четворицата осомничени на возраст меѓу 29 и 52 години биле под дејство на алкохол.
„Истражителите моментално го истражуваат ксенофобичниот мотив зад злосторството“, се наведува во соопштението.
Во Германија во последните денови расте ксенофобијата и антимигрантската омраза, поттикната со пропагандата на неонацистичките групи и крајнодесничарската исламофобна партија Алтернатива за Германија (AfD).
Според службените податоци, во Германија во текот на 2018 година се забележани 19.000 кривични дела што ги извршиле екстремните десничари.
Извршени се 1.000 напади на странци, имигранти и политички противници, во кои се повредени најмалку 500 лица.