Erbil Başay
01 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Пред Високиот регионален суд во Дизелдорф е покрената постапка против резервниот офицер Ралф Г. поради обвиненија за шпионирање на Германија за Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Федералното обвинителство се наведува дека германскиот државјанин Ралф Г. се товари за шпионирање за странски тајни служби против Германија и земјите од НАТО.
Во соопштението се наведува дека Ралф Г., кој служел како резервен офицер во Германската армија, бил заменик-шеф на Регионалната команда за врски која одржува контакти со воени и цивилни институции и бил член на различни комисии во економските синдикати во неговите цивилни должности.
Се наведува и дека Ралф Г. бил во контакт со руската разузнавачка служба преку различни лица од октомври 2014 година и дека до март 2020 година ѝ доставувал информации и документи на руската разузнавачка служба од извори што не се јавни.
Ралф Г., меѓу другото, ѝ давал информации на руската разузнавачка служба за резервната воена служба во Германија и цивилно-воената соработка во контекст на цивилната одбрана.
Исто така, беше наведено дека Ралф Г. на руските разузнавачи им давал приватни информации за Германија, ЕУ, проектот за гасоводот „Северен тек 2“ и за високи луѓе во германските воени и економски кругови, а во замена за овие услуги бил поканет на настани организирани од руски државни институции.