Ekipa
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германските власти уапсија руски државјанин обвинет за финансиска поддршка на ДЕАШ и за трговија со дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение на Обвинителството од Минхен се наведува дека 35-годишен маж, чие име не е објавено, бил уапсен во баварскиот град Инголштад по опсежно тајно следење. Неговата куќа и работно место се претресени, а запленети се неколку хард дискови и мала количина дрога.
Осомничениот кој е уапсен вчера, ја поддржувал ДЕАШ со сопствени пари, но исто така користел руски социјални мрежи за собирање пари. Во соопштението се додава дека тој наводно се занимавал со трговија на дрога.