Ayhan Şimşek
05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција денес соопшти дека во петокот вечерта било уапсено осомничено лице поради антиисламски клевети во трамвај и прободување младо лице со нож, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и седумгодишното осомничено лице го призна извршеното дело откако беше уапсено од страна на специјалните полициски сили во неговиот дом во северниот град Бремен.
Според информациите добиени од страна на полицијата, тој бил однесен во медицински центар за психолошко испитување.
Шеснаесетгодишната жртва, која беше прободена со нож во пределот на вратот, претрпе повреди кои не се заканувачки по живот и беше згрижена во болница на лекување.
Во Германија во текот на последните години забележан е пораст на исламофобијата поттикната од пропагандата на екстремно десничарските партии, која предизвика страв во врска со бегалската криза и тероризмот.