Sayed Khodaberdi Sadat
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
КАБУЛ (АА) - Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, ги посети германските војници во базата на НАТО, во северниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за воена база во Марар и Шариф во покраината Белх, а министерката Фон дер Лајен за време на посетата изјави дека германската војска е подготвена за долгорочна мисија во Авганистан.
Истакнувајќи дека наскоро во Авганистан ќе пристигне нов кoнтингент германски војници кои ќе ја вршат обуката на авганистанските безбедносни сили, Фон дер Лајен изјави дека мисијата на НАТО во таа земја ќе трае во согласност со потребите.
„Авганистанските сили сè уште не се подготвени да преземат одговорност за безбедносната ситуација во земјата“, изјави Фон дер Лајен.
Не е познато дали Фон дер Лајен за време на посетата ќе разговара со авганистанските официјални лица.