Elena Teslova
03 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Голем пожар избувна во деловен центар во Москва и брзо се рашири на повеќе катови, соопшти руското Министерство за вонредни состојби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Неколку луѓе се заробени на шестиот и седмиот кат од 10-катниот деловен центар „Гранд сетун плаза““, наведе Министерството.
Пожарот зафатил површина од околу 1.000 квадратни метри на првите четири ката од зградата и бил означен како пожар со највисоко ниво на комплексност.
Министерот за вонредни ситуации, Александар Куренков, пристигна на местото за лично да ја следи ситуацијата.
Над 180 пожарникари и 41 единица специјална опрема се ангажирани во напорите за гаснење на пожарот.
Сообраќајот на улиците во непосредна близина на зградата е блокиран за да се олесни спасувачката операција.
Итните служби вршат евакуација, а на местото примарна медицинска помош даваат 15 амбулантни возила.