Betül Yürük
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека инцидентот во Њујорк се третира како терористички чин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Врз основа на информациите што ги имаме, ова беше терористички чин. Кукавички чин на тероризмот кој за цел имаше невини цивили“, рече Де Бласио на прес-конференцијата.

Според последните информации, најмалку осум лица загинаа, додека 15 лица се повредени во инцидентот, кој се случи во Долен Менхетен, Њујорк.
Сторителот, како што се наведува, го возел камионот во погрешна насока по велосипедска патека. Откако прегазил неколку луѓе, удрил во друго возило и излегол од камионот.
Во раката имал нешто што наликува на пиштол, но сѐ уште не е познато дали станува збор за вистински пиштол.
Полицијата потоа го застрела и го однесе во болница за да му биде укажана лекарска помош.
Федералните власти инцидентот го третираат како терористички напад и веќе спроведуваат истрага за случајот.
Од полицијата потврдија дека станува збор за 29-годишен маж кој во САД пристигнал во 2010 година.