Ekipa
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ТОКИО (АА) - Долниот дом на јапонскиот Парламент повторно го избра Шинзо Абе за премиер на земјата откако неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) победи на вонредните избори минатиот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
За повторно назначување на Абе гласаа 312 пратеници од вкупно 465, колку што брои тој дом. Се очекува Абе во текот на денот да ги назначи истите министри во неговиот кабинет.
Јапонскиот премиер во септември го распушти Долниот дом на јапонскиот Парламент, отворајќи го патот за одржување на предвремени избори на 22 октомври.
Абе премиерската должност ја презеде во декември 2012 година, а на последните избори освои и нов тригодишен мандат.