Davit Kachkachishvili
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
ТБИЛИСИ (АА) - Претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили, изјави дека неговата земја очекува поддршка од земјите членки на НАТО, на Самитот што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Брисел, со цел да се забрза процесот на интеграција на Грузија во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Маргвелашвили претседаваше со состанокот на Советот за национална безбедност, кој се одржа во Тбилиси, каде што беа и премиерот Мамука Бахтадзе, претседателот на Собранието, Иракли Кобакгидзе, министерот за надворешни работи, Давит Салкалиани, министерот за одбрана, Леван Изора, министерот за внатрешни работи, Гиорги Гакхариа, претседателот на Националната безбедност, Давит Раквашвили и други грузиски функционери.
Маргвелашвили, по средбата, на прес-конференција потсети дека на 11 и 12 јули ќе се одржи Самитот на НАТО во Брисел, на кој ќе учествуваат и земјите кои сè уште не се членки на Пактот, а меѓу нив е и Грузија.
„Лидерите на земјите на НАТО, исто така ќе разговараат за безбедносните прашања на Грузија. Сметаме дека ова е голем успех“, рече грузискиот лидер.
Тој истакна дека неговата земја има спроведено голем број реформи за полноправно членство во НАТО и дека Грузија очекува поддршка од другите земји членки за да се забрза процесот на интеграција на неговата земја во НАТО.
„Кога Грузија ќе стане членка на НАТО, регионот ќе биде повеќе заштитен“, рече претседателот Магвелашвили.