Laith Joneidi,Said İbicioğlu
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
АМАН (АА) - По потпишувањето на Договорот, склучен помеѓу сириските бунтовници и претставници на Русија, за прекин на огнот во јужната провинција Дера, на граничниот премин Насиб, меѓу Јордан и Сирија, пристигна конвој на руски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Хусеин Абу Сејма, еден од портпаролите за операциите во јужниот дел на земјата, изјави дека во петокот бил постигнат договор со руските официјални претставници.
„Според Договорот, опозицијата ќе го предаде тешкото оружје. Руската воена полиција постепено ќе влегува во регионот со јорданската граница. Заради спроведувањето на Договорот, членовите на опозицијата, кои ќе сакаат да ја напуштат областа, ќе бидат придружувани од страна на нивните семејства“, објаснува Сејмур.
Бројот на сириски цивили од сирискиот град Дера, кои од нападите на силите на претседателот Башар ал Асад, избегаа кон јорданската граница, достигна цифра од 350.000 жители.
Меѓу нив поголемиот број се деца, жени и стари лица. Цивилите од Дера со денови се на јорданската граница. Тие немаат вода за пиење или шатори за да се заштитат од сонцето.