Ekip
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
АТИНА (AA) - Шестгодишно дете загина под непознати околности во пожар кој избувна во мигрантскиот камп на островот Лесбос на Егејското море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дете, чиј род не е утврден, најдено е мртво во Прифатниот центар Мориа на островот, објави локалната противпожарна единица на Твитер. Додадоа дека во подрачјето во кое избувна пожарот се испратени 13 пожарникари и пет противпожарни возила.
Пожарникарите имаа проблеми со контрола на пожарот поради силниот ветер кој дува на Лезбос, јавија локалните медиуми.
Во кампот Мориа моментално се наоѓаат повеќе од 19.000 мигранти, а израден е за сместување на околу 3.000 лица.