Derya Gülnaz Özcan
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
АТИНА (АА) - Грција можно е да испрати оклопни борбени возила од типот „БМП-1“ во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според весникот „Катимерини“, Грција е подготвена да ги испрати овие возила во Украина доколку нејзе ѝ бидат испорачани слични возила што можат да ги заменат оклопните борбени возила од типот „БМП-1“ што ги поседува во моментот.
Германија бара Грција да испрати оклопно комуникациско возило од типот „БМП-1“ во Украина.
Украина, пак, од Грција бара систем за противвоздушна одбрана „Стингер“ и противбродски ракети од типот „Харпун“.