Furkan Naci Top
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
АТИНА (АА) - Грчкиот Апелационен суд повторно го одби барањето на Турција за екстрадиција на тројцата избегани пучисти по неуспешниот обид за државен удар минатата година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот Врховен суд (Arios Pagos) на крајот од јануари донесе одлука да не ги испорача осумтемина турски војници-пучисти кои како членови на терористичка организација ФЕТО учествуваа во неуспешниот јулски обид за државен удар во Турција, а потоа со хеликоптер на турската армија побегнаа во Грција.
По повторните турски барања за екстрадиција на осумтемина избегнати пучисти, Апелациониот суд во Атина денес го отфрли барањето за екстрадиција на тројца пучисти, а за останатите петмина ќе се расправа подоцна.
Претходно, грчките пониски судови изрекоа првостепена пресуда со која беше наредено тројцата пучисти да се екстрадираат во Турција, а петтемина се задржат во Грција.
Грчките институции сѐ уште размислуваат за барањата за азил што ги поднесоа пучистите, кои до завршувањето на овој процес ќе останат во притвор во Атина.