Haydar Karaalp
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
БАГДАД (АА) - Неџим ал Џубури, гувернерот на ирачки Мосул истакна дека Обединетите нации (ОН) го поддржуваат Договорот за Синџар и враќањето на луѓето во своите домови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џубури во изјавата за ирачката државна новинска агенција рече: „Претставничката на ОН за Ирак, Жанин Хенис Пласхарт, изјави дека ОН го поддржува Договорот за Синџар потпишан меѓу Багдад и Ербил и дека ќе даде силна поддршка на централната Влада за конкретно реализирање на договорот.“
Наведувајќи дека ќе се направат напори за поддршка на Арапите и Језидите од Синџар кои чекаат да се вратат во своите домови, Џубури рече дека претставништвото на ОН за Ирак внимателно ја следи состојбата на христијаните во Сехил Ниневија во Мосул.
Потпишан е договор меѓу Багдад и Ербил кој вклучува и отстранување на терористичката организација ПКК од Синџар.
Две полициски бригади поврзани со ирачката централна Влада поред три дена се стационираа во Синџар.