Emre Aytekin
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
СЕУЛ (АА) - Американските медиуми јавуваат дека пребегнатиот внук на севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун е под заштита на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за 25-годишниот Кин Хан Сол, синот на Ким Џонг Нам, брат на севернокорејскиот лидер, кој е убиен во февруари 2017 година на аеродромот во Малезија.
Весникот „Њујоркер“ пишува дека Ким Хан Сол од раѓање е во егзил и дека стапил во контакт со групата на опозиционерите „Фри Џосеон“ („Free Joseon“), кои побегнале од Северна Кореја кратко по убиството на Ким Џонг Нам во Куала Лумпур.
Истиот извор тврди дека Хан Сол од кинеската покраина Макао тајно допатувал на Тајван и се состанал со севернокорејските опозиционери, а потоа купил авионска карта за Амстердам во накана да побара азил од Холандија.
Пред самото патување Хан Сол се состанал со агентите на американската ЦИА и оттогаш му се губи секоја трага. Наводно живее под заштита на таа американска агенција.
Хан Сол поради директните роднински врски со водачите на севернокорејскиот режим се смета за потенцијален водач на промената на власта во таа изолирана земја.