Erkan Avci
11 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес по состанокот со премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека не е оптимист ниту песимист во врска со постигнување на решението на кипарското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надевам во обединување на Кипар. Ако дојде до некое решение, тоа ќе биде решение кое ќе биде прифатливо за сите страни. ОН се спремени да поддржат такво решение", истакна Гутерес на конференцијата за медиуми.
Се осврна и на напорите кои Турција ги прави за да им помогне на бегалците кои се наоѓаат во таа земја.
„Видов колку турскиот народ е великодушен. Го отворија своите граници, срца и земјата за браќата кои дојдоа од Сирија, но и за луѓето кои дојдоа од другите земји. Секако дека на оваа великодушност треба некако да се возврати. Денеска многу земји во светот ги затворија своите граници и избегаа од одговорност. Затоа мораме да ги поделиме нашите должности. Потребно е на прав начин да се пружи заштита на бегалците во светот", рече Гутерес.
Истакна исто така дека Турција е важен дел од меѓународниот систем, додавајќи дека Анкара секогаш имала активна улога на меѓународните состаноци и собири.
На крајот се осврна и на сириската криза, напоменувајќи дека е многу важно да се сочува примирјето во Сирија.
„По состанокот во Астана потребно е да се продолжат разговорите и во Женева. Турција работеше на тоа. Во Женева се прават напори за да дојде до политичко решение", рече Гутерес.
На крајот истакна дека во текот на состанокот со Јилдирим разговараше и за ситуацијата во Ирак, Либија, Авганистан, како и за израелско-палестинско прашање.