Davut Çolak
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) – Данска планира уште на границата да ги одбие барањата за азил на децата бегалци кои немаат придружник, без да бидат процесуирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од водечките весници на Данска, „Политикен“, објави дека во рамките на предлог-законот „план за итна акција“, кој ќе се применува за време на кризи, Владата се подготвува да ги затвори своите граници за бегалците.
Според овој предлог-закон, Владата планира уште на границата да ги одбие барањата за азил на бегалците, вклучувајќи ги и децата бегалци кои немаат придружник, без да бидат процесуирани.
Во соопштението на Министерството за имиграција и интеграција се наведува дека е потврдено оти предлог-законот што денес ќе почне да се разгледува, ќе овозможи бегалците да се одбијат уште на границите од државата, и дека децата бегалци кои немаат придружник ќе бидат исто така опфатени.
Во изјавата се вели дека овој предлог-закон нема да се примени на децата бегалци без придружник чии семејства се во Данска.
Според бројките што ги објави весникот, минатата година, 1.184 деца бегалци без придружник пристигнале во Данска.
Некои политички партии во Собранието го опишаа како „безмилосен и нечовечки“ предлог-законот „план за итна акција“, кој се планира да се применува на бегалците во случај да се суспендира Договорот од Даблин.