Cüneyt Karadağ
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
БЕРЛИН (АА) – Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека не сака да расте тензијата меѓу Германија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел во својата изјава за радиостаницата „Саарландишер рудфунк“ истакна дека е неприфатлива наци-реториката што ја користи Турција. Таа соопшти дека тоа го пренела до Турција преку една дипломатска нота, и додаде: „Ние, како Германија, не сакаме да расте тензијата во односите со Турција“.
„Како Германија, упативме нота до Турција информирајќи дека треба да нѐ известат најмалку 5 работни дена пред започнувањето на активностите. Турците кои живеат во Германија ќе можат да гласаат почнувајќи од 27 март. Затоа, активностите за референдумот се веќе и онака завршени“, истакна германската канцеларка.
Меркел нагласи дека Германија треба ги застапува сопствените интереси и вредности, и дека тие се секогаш отворени за разговор со Турција. „Проблемите можат да се решат со комуникација. Но понекогаш решенијата се препуштени на времето“, истакна Меркел.
Исто така, Меркел нагласи дека сака да живее во мир, заедно со граѓаните од турско потекло во Германија, и дека таа е премиерка и на граѓаните од турско потекло кои добиле германско државјанство.