Islam Uddin
01 Февруари 2024•Ажурирај: 02 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Два авиона се судрија на аеродромската писта во Јапонија, што е трет ваков инцидент овој месец, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Два авиона на „Ол Нипон ервејс“ доживеале мал судир на аеродромот меѓу префектурите Осака и Хјого во западна Јапонија, но нема повредени патници или членови на екипажот, објави „Кјодо њуз“.
Инцидентот се случил на домашниот терминал на аеродромот Итами познат и како Меѓународен аеродром во Осака.
На 16 јануари, авион на „Коријан ер“ и на „Катај Пацифик“, со седиште во Хонгконг, се судрија на аеродромската писта на аеродромот Њу Читозе во Хокаидо.
Претходно на 2 јануари, во судир меѓу авион на „Џапан ерлајнс“ и авион на Јапонската крајбрежна стража на аеродромот во Токио загинаа пет членови на екипажот.