AP
07 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
РИМ (АА) - Двајца пилоти на италијанското воено воздухопловство загинаа денес за време на вежба кога лесните летала со кои управувале се судриле во воздух и се урнале на земја, соопшти италијанското воено воздухопловство, пренесува Анадолу.
Два авиони У-208 се урнаа во близина на воениот аеродром Гвидонија, што се наоѓа на околу 25 километри североисточно од Рим.
Италијанската новинска агенција (АНСА) јави дека еден од авионите слетал во поле, а другиот паднал врз паркиран автомобил.
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, изрази сочувство до семејствата и колегите пилоти.