Dildar Baykan Atalay
18 Септември 2023•Ажурирај: 20 Септември 2023
РИНО (АА) - Двајца пилоти загинаа во несреќата што се случи на аеромитингот во американската сојузна држава Невада, известува Анадолу.
За време на аеромитингот во американскиот град Рино дојде до судар на две летала во воздух.
Организаторите соопштија дека несреќата се случила на затворањето на манифестацијата и дека животот го загубиле пилотите на две летала.
Во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.