Ekip
25 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
КИРКУК (АА) - Терористичката организација денес киднапираше 19 цивили во северната ирачка покраина Киркук, изјави портпаролот на федералната полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористите на ДЕАШ го нападнаа градот Мабдад, јужно од Киркук, и киднапираа 13 цивили“, изјави Хусеин Маџед за АА.
Тој изјави дека во друг напад, од страна на терористите на ДЕАШ во градот Деба ал Џадед, во јужниот дел на Киркук, биле киднапирани 2 лица.
Терористите на ДЕАШ, во селото Бара Бара, во истата покраина, киднапираа други 4 цивили.
Ирачките безбедносни сили организираа потера по киднаперите.
ДЕАШ во 2014 година зазеде поголем дел од северен и западен Ирак.
Минатата година ирачките официјални претставници објавија дека военото присуство на ДЕАШ во земајта е неутрализирано по тригодишниот конфликт со армијата поддржана од коалицијата предводена од САД.
Сепак, ирачките сили често продолжуваат да спроведуваат операции, со цел решително да се стави крај на долготрајното присуство на групата.