Safiye Karabacakr
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Три лица го загубија својот живот, додека 9 лица се повредени во самоубиствениот напад извршен во зградата на Министерството за надворешни работи на Либија во главниот град на оваа земја, Триполи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што на својот профил на Фејсбук го објави Министерството за здравство кое е дел од Националната влада за помирување, нападот е извршен во зградата либиското Министерство за надворешни работи, при што смртно настрадале 3 лица, додека 9 лица се повредени.
Според информациите добиени од извори во Министерството за надворешни работи на Либија, вооружена група, за чии членови се претпоставува дека се милитанти на терористичката организација ДЕАШ, влегле во зградата на Министерството и отвориле оган, а потоа напаѓачите ги активирале експлозивите кои ги носеле со себе.
Се нагласува дека во текот на нападот, министерот за надворешни работи на земјата, Мухамед ет Тахир Сејала, не се наоѓал во зградата, туку бил во посета на градот Завија во западниот дел на земјата, заедно со претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство, Фаиз ес Сераџ.