Sayed Khodaiberdi Sadat
13 Декември 2022•Ажурирај: 14 Декември 2022
КАБУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за оружениот и бомбашки напад врз кинески хотел што вчера беше извршен во Кабул, главниот град на Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа терористичка организација преку социјалните мрежи соопшти дека ја презема одговорноста за нападот врз кинескиот хотел во местото Шехри Нев во Кабул.
Од друга страна, болницата „Emergency“ во Кабул информираше дека во болница биле донесени 18 лица повредени во нападот, како и три безживотни тела.
Портпаролот на привремената талибанска влада, Забихула Муџахид, на социјалните мрежи објави дека странските гости биле спасени од хотелот, а двајца странци се повредени откако скокнале од прозорец.