Adam Abu-bashal
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
АБУЏА
Потона кану кој преку река превезувал патници во федералната државата Баучи на Нигерија. Во несреќата животот го загубија 18 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Ахмед Мохамед Вакил, портпарол на полицијата на Баучи за медиумите изјави дека кану кое превезувало патници и роба преку реката Буџи во подрачјето Итас Гадау потонало поради преоптоварување.
Портпаролот информираше дека 18 лица ги загубиле животите, а спасени се 5 лица
Соопштувајќи дека повредените се префрлени во болница, Вакил додаде дека продолжуваат спасувачките операции.
За време на сезоната на дождови во Нигерија повремено се случуваат бродски несреќи.