Ekip
22 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
КАРТУМ (АА) - Демонстранти во Судан со барање за воспоставување на целосна цивилна власт, денес ги блокираа главните улици во Картум, главниот град на Судан, известува Агенција Анадолија (АА).
„Демонстрантите подигнаа барикади и запалија гуми на главните улици во Бахри и Омдурман во знак на протест поради задушувањето на демонстрациите“, инфорираше дописникот на АА од местото на настанот.
Демонстрациите ги организираа Комитетите на отпорот, група која ги предводеше демонстрациите против војската.
Според зборовите на очевидците, силите на безбедноста употребиле солзавец за да ги растераат демонстрантите во Омдурман.
Немирите во Судан започнаа на 25 октомври 2021 година кога суданската војска ја собори преодната влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба.
Меѓутоа, Хамдок беше вратен на власт на 21 ноември според договорот со Абдел Фатах ал Бурхан, командантот на суданската војска.
Додека државите, како и регионалните и меѓународните организации, вклучително и Обединетите Нации го поздравиле договорот, суданските политички и граѓански сили го отфрлија, сметајќи го за „обид за легитимирање на пучот“.