Elvir Hocic
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
БАНТЕН (АА) - По повод празникот Ден на националната армија, во Индонезија денес се одржува спектакуларна воена парада, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската армија денес го прославува 72. роденден, а по тој повод организирана е и воена смотра во пристаништето Пантаи Индах Киат во градот Чилегон.
За време на спектакуларната парада, претставени се 190 борбени системи, вклучувајќи ги и најновите арсенали со коишто располагаат индонезиските копнени, воздушни и поморски сили.
Најмногу внимание кај присутните привлекоа турско-индонезиските тенкови „каплан“, како и акробатските летови на индонезиските пилоти.