Muhammed Bilal Kenasari
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во тек е вонредното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации на кое се расправа за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.
- Чавушоглу: Турција никогаш нема да го напушти Кудс -
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна: „Турција никогаш нема да го напушти Кудс (Ерусалим). Турција нема да го напушти палестинскиот народ“.
Чавушоглу на седницата на Генералното Собрание на ОН нагласи дека со гласањето се покажува преданост кон палестинското прашање и се крева гласот за правдата и мирот.