Betül Yürük
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ за извештајот подготвен од страна на Амнести интернешнал за Сирија, во кој се наведува дека од почетокот на граѓанската војната во 2011 до 2016 година, силите на режимот без судски процес егзекутирале од 5.000 до 13.000 лица, рече дека е вистински ужас, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Дујариќ за време на дневниот брифинг изјави дека Обединетите нации постојано ја истакнуваат својата загриженост од условите и прекршувањето на човековите права во затворите на режимот во Сирија.
Стефан Дујариќ изјави: „Генералниот секретар Антонио Гутереш беше згрозен од изнесеното во извештајот“, и додаде дека е потребно во Сирија да се побара одговорност за сите прекршувања на човековите права и за извршените злосторства.
Амнести интернешнал објави дека за време на граѓанската војна во Сирија од септември 2011 година до крајот на 2015, во затворот „Сајданаја“ во Дамаск, режимот на Башар Ал Асад без судски процес егзекутирал меѓу 5.000 до 13.000 лица, главно цивили.