Aldıjana Hadzıc
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
МАНЧЕСТЕР (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Обединетото Кралство денес го евакуираа трговскиот центар „Арндејл“ во Манчестер, по синоќешниот терористички напад во истиот град, јавува Anadolu Agency (AA).
Трговскиот центар е евакуиран поради можнсота за нов напад.
Пред крајот на концертот на поп-ѕвездата Аријана Гранде во „Манчестер Арена“, синоќа одекна силна експлозија во која загинаа најмалку 22 лица, а ранети се 51 лице. Британската полиција ја спроведува истрагата за тој случај, а утринава е соопштено дека станува збор за терористички напад што го извршил бомбаш-самоубиец.
Британската полиција уапси 23-годишно момче осомничено за поврзаност со синоќешниот терористички напад.
Терористичкиот напад во Манчестер го осудија голем број земји од меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција, Турција, Канада, како и меѓународни организации, како што се Европската Унија и НАТО.