Qais Omar Darwesh Omar,Ali Semerci
02 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
ЕЛ ХАЛИЛ
Двајца Палестинци се ранети во напад на група еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ратиб ал Кубур, координатор на комитетите за Народен отпор во Ел Халил (Хеброн), во своето писмено обраќање наведува дека група еврејски доселеници со камења и стапови ги нападнале Мусалам Абу Хамид и неговиот син Мохамед, кои работат во бизнисот на поставување водоводни цевки во регионот Мегаир ал Убејд.
Кубур, наведувајќи дека таткото и синот Палестинец, кои биле повредени во нападот, се наоѓаат на лекување во државната болница во Ел Халил, соопшти дека едниот од нив е во тешка здравствена состојба.
Повеќе од 250 нелегални еврејски населби се изградени на Западниот Брег, што Израел го окупира во 1967 година. Повеќе од 450.000 еврејски доселеници кои живеат на тие простори, им го отежнуваат животот на Палестинците кои живеат на Западниот Брег кој се наоѓа под израелска окупација.
Според меѓународното право, сите еврејски населби изградени на окупираната палестинска територија се сметаат за нелегални.