Ata Ufuk Şeker
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија донесе одлука во наредните две години, јавните места како што се општините, болниците и парковите да бидат покриени со бесплатна Wi-Fi интернет-врска, а за тоа ќе бидат издвоени 120 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот парламент, Советот на Европа и Европската комисија склопија договор околу проектот „WIFI4EU“, во чии рамки, во јавните институции во земјите-членки на Европската Унија ќе биде обезбедена бесплатна интернет-врска.
Се планира проектот да биде спроведен во наредните две години, а за тоа ќе бидат издвоени 120 милиони евра.
Нагласено е дека спроведувањето на овој проект ќе биде примарно во регионите каде што има послаба интернет-инфраструктура.
Исто така, предвидено е спроведувањето на проектот да започне кон крајот на 2017 година, а ќе бидат создадени нови 8.000 пристапни точки до Wi-Fi.