Ata Ufuk Şeker
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија донесе одлука за складирање стратешки медицински материјали, како заштитни маски и респиратори, поради новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на Комисијата се нагласува дека земјите членки ќе можат да ги користат залихите на медицински материјали во итни ситуации.
Во магацините ќе се складира опрема за интензивна нега како што се респиратори, опрема за лична заштита како што се маски, а исто така ќе се чуваат и вакцини и разни лабораториски материјали.
Според соопштението, одлуката ќе стапи на сила на 20 март, а земјата каде што ќе биде складирана опремата ќе биде должна да ја снабдува опремата.
За складирањето на стратешките медицински материјали Европската комисија во првата фаза одвои буџет од 50 милиони евра.