Ekipa
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
БРИСЕЛ (AA) - Европските парламентарци ќе се состанат денес на вонредното заседавање за да расправаат за резултатите на референдумот за членство на Велика Британија во ЕУ и на кој ќе се побара од британската влада што поскоро да го покрене процесот за излегување од Унијата.
Во необврзувачкиот нацрт на резолуцијата се наведува дека процесот на излегување на Велика Британија од 28-члениот блок би требало да започне штом премиерот на таа земја Дејвид Камерон денес ги извести Европските лидери за исходот од референдумот одржан на 23 јуни.
Британскиот премиер денес ќе разговара за последиците од Брексит и патот кој предстои на самитот на ЕУ во Брисел. Се очекува челниците на ЕУ да повикаат Велика Британија што поскоро службено да побара излегување од Европската унија.
Камерон сигнализираше дека на денешниот самит нема да се повика на Членот 50 од Лисабонскиот договор, со што би требало официјално да за започне истапувањето на Велика Британија од Унијата.
Камерон во петок, неколку часа по објавување на резултатите од референдумот на кој Британците гласаа за излегување на својата земја од ЕУ, најави дека ќе поднесе оставка која во сила ќе стапи во октомври, оценувајќи дека е најдобро постапката на истапување од Унијата да ја започне новата влада.