Şerife Çetin
16 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
БРИСЕЛ (АА) - Срцевиот и мозочниот удар се причина за најголемиот број смртни случаи во земјите на Европската Унија (ЕУ), се наведува во извештајот на Европската агенција за статистика (ЕВРОСТАТ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во последниот извештај е наведено дека во 2016 година низ ЕУ починале 5,1 милион лица.
Истакнато е дека 33 отсто од случаите се лица помлади од 75 години, 29 отсто на возраст од 75 до 85 години, а 38 отсто лица кои имале над 85 години.
Во извештајот е наведено дека во 36 отсто од случаите мозочниот и срцевиот удар се причина за смртноста, а во 26 отсто канцерот.
Според последниот извештај, 5 отсто од смртноста се однесува на сообраќајните несреќи и на други фактори.
Најголем број од смртните случаи е забележан во Бугарија, а потоа во Летонија, Романија, Литванија и Унгарија.
Најниската стапка на смртност е забележана во Шпанија, Франција, Италија, Малта и Луксембург.