Ayşe Doğru
16 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Седумдесет и осум лица го загубија својот живот во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови кои веќе шест дена го зафатија Непал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, Министерството за внатрешни работи на Непал соопшти дека 78 лица загинале, додека 40 лица биле повредени во поплавите и свлечиштата предизвикани од монсунските дождови кои од четвртокот ја зафатија земјата.
Во соопштението на Министерството се наведува дека 32 лица се водат како исчезнати.
Во поплавите низ земјата 3.366 лица се спасени од страна на безбедносните сили и војската.